317 views |0 comments

Дигитализацијата масовно ја менува туристичката индустрија. Дигиталната револуција целосно го промени начинот на кој бизнисите работаaт.

Помина времето кога луѓето мораа да одат во туристички агенции и да чекаат ред со часови за да ги резервираат своите билети. Со доаѓањето на технолошкиот напредок и брзата дигитализација, туристичките компании ги избегнаа географските бариери и усвојуваат онлајн методи за да им пристапат на своите клиенти.

Прво, туристичките бизниси се повеќе се потпираат на мобилни апликации. Повеќе од 35% од корисниците резервираат патувања преку мобилни апликации и овој процент наскоро ќе се зголеми. Развивањето на ваша мобилна апликација несомнено е скапо, но вреди. Алтернативно, многу компании се регистрираат како продавачи на други апликации за патување што заштедува и време и пари.

Апликациите за патување често ќе ви презентираат опции кои би ги избрале. Исто така познат како когнитивно пресметување, овој механизам се потпира на вашите претходни пребарувања, историски податоци и исполнет профил. Тие можат да ви ги намалат опциите за патувањето.

Трето, постои сеопфатен модел во туристичкиот бизнис според кој ниту еден играч не е врвен. Корисникот може да провери неколку понудувачи и даги спореди пред да одлучи. Овој модел им помага на неколку деловни провајдери да имаат поголем потенцијал да се најдат во екраните на клиентите.

И на крај, како што се повеќе играчи влегуваат во овој бизнис, главниот фокус е да се создаде најдоброто патување прилагодено за специфичните барања на клиентите.
Колку повеќе можат да бидат приспособени давателите на услуги, толку повеќе ќе бидат фаворизирани. Податоците и вештачката интелигенција им даваат моќ на бизнисите да ги следат своите клиенти. Анкетата на Google покажува дека повеќе од 36% од патниците во денешно време се подготвени да издвојат дополнителни пари за повеќе скроени и уникатни искуства.

Share

Post comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Go Top