142 views |0 comments

Касарна Хаб е тука да им помогне на бизнисите кои сакаат дигитално да се трансформираат

➡️Дигитална Трансформација Е сосема нова употреба на дигиталната технологија и со која се решаваат новите сложени проблеми. Оваа серија на дигитални решенија може да донесе до нови типови на креативни иновации, наместо само да служи како надградба на она што веќе постои. Оваа промена ја претставува интеграција на огромни комплексни дигитални технологии во различни области во една компанија.

➡️Дигиталната трансформација е начин на размислување, поттик и насока за размислување кај сите вработени на сите работни места, и ги опфаќа сите сфери и аспекти од едно претпријатие.

Дигитална трансформација како ,,стратешка алатка,, за раст и развој!Дигитална трансформација како инструмент за иновација, начин за подобрување на оперативната ефикасност, повисоки приходи, поголем поврат на инвестициите и намалување наИТ трошоци.

⛔Дигиталната трансформација НЕ Е само за ИТ фирми и банки, прескапа и непотребна инвестиција, непозната методологија и апстрактна дефиниција.Дигиталната трансформација е процесот или она што се случува по дигитизацијата, а тоа НЕ Е:

⛔• Тоа не значи само купување на нови компјутери на вработените, отворање на веб шоп, активирање на социјални мрежи, пренасочување кон електронско банкарство, поставување наПОС терминали во сите дуќани, воведување на нов софтвер или надградба на постоечкиот, воведување на роботи во производството или спроведување на тренинг за дигитална писменост кај вработените. И никогаш не е само еден аспект, и напредување во една сфера.

⛔• Поединечна примена на различни активности кои само започнуваат на ”е”: е-банкарство, ебизнис, е-влада, е-комерц”. Сето ова веќе постои некое време и веќе ги трансформирало ситеовие области, но тоа само по себе, не е дигитална трансформација.

⛔• Поединечна примена на разни нешта кои се однесуваат на дигитални медиуми, и непоседување на веб страница без разлика на тоа колку е модерна или присутна на социјалнимрежи, кое само по себе не е дигитална трансформација.

⛔• Поединечни обиди да се биде ,,иновативен” и ,,агилен” и кога се внесуваат ,,нови технологии”и кога се ,,се префрла на клауд”, сето ова само по себе не е дигитална трансформација.

Пример 1: Текстилно производство поседува сопствена страница за онлине продажба, но тојсистем не е интегриран на ниеден начин со софтверот на компанијата за водење на залихите,нарачките, испораките или плаќањата, или пак нема никаков софтвер. Тоа доведува до грешки при контрола на залихата: нарачка, замена и поврат на роба.

Пример 2: Конзервна индустрија која има сезонски пикови и сериозен извоз, користи ЕРП систем, но тој не е поврзан со електронското банкарство и плаќањата, така што непотребно сеповторуваат чекорите како пополнување на налог на електронско банкарство, прикачување на фактури, а за меѓународните плаќања се налага посета на банката и чекање на шалтерите. Тоа резултира со двојно поголемо време за администрирање и залудно потрошени ресурси.

Пример 3: Динамична туристичка агенција со богата понуда има своја веб продавница и користи социјални мрежи за комуникација и рекламирање, но социјалните мрежи не се поврзани со нејзината веб продавница. Дополнително клиентите може да се резервираат само хотели, но забројни информации и процедури за туристички тури и понатаму побарува клиентот да прати документи и резервација по е/маил. Ова не претставува лесен и ефикасен начин за користење, а клиентите ги доведува до забунаТекстот е преземен од истражувањето на МАСИТ и повеќе детали има во следнава брошура https://masit.org.mk/…/broshura-digitalna…

Share

Post comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Go Top