Latest Past Events

Првата Национална Олимпијада за вселената

Multifunctional room, KasarnaHUB

По 10-годишниот јубилеј на хакатонот NASA Space Apps Challenge кој традиционално се организира од страна на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс со поддршка на Американската Амбасада, следуваат нови извонредни можности за сите ученици кои уживаат во откривање на мистериите на вселената, создавање нови иновативни решенија, и се страсни вљубеници во информатика, физика, хемија, биологија, математика, технологија и сѐ што вклучуваат СТЕМ вештините. Стартувајќи од февруари па сѐ до септември 2023 ќе се случува Првата Национална Олимпијада за вселената во сите региони на С. Македонија, а 5 градови ќе ја имаат честа да бидат првите домаќини. Целта за организација на национална олимпијада за вселената е промоција на СТЕМ вештините и зголемување на интересот кај учениците од целата држава за техничките професии, како и можноста да станат „Граѓани Научници“ […]

Go Top