OUR SUPPORTERS

Proud supporters of Kasarna Hub

Со особена радост, ги информираме децата и родителите кои се дел од нашите обуки за програмирање дека успеавме да ги обезбедиме неопходните финансиски средства за одржување на обуките.

Благодарение на поддршката и отвореноста кон нови партнерства на Македонија2025, 167 наши деца ќе имаат можност да ја завршат целата обука од 3 месеци и да се запознаат со основите на кодирањето и да станат следна генерација на лидери со развиени дигитални вештини неопходни за професиите на 21-от век.

Macedonia2025 –  Меѓународен, независен, неполитички „think & do tank“ основан во 2007 година од македонски иселеници. Нивната цел е да поттикнат одржлив економски раст што ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Tие опфаќаат широк спектар на програми кои им овозможуваат на иселениците да и вратат на својата татковина, меѓу кои и програми кои ги поддржуваат младите таленти да го достигнат својот целосен потенцијал и да станат успешни професионалци.

Go Top