Особена чест ни е да го одбележиме огромниот успех што го постигнаа Двајцата млади девелопери од Охрид, Марио Павлески и Виктор Попов во Рио де Жанеиро, Бразил на глобалното финале на /. Нивната игра , која успешно го помина полуфиналето и се пласираше во финалето, ја освои наградата “Најдобра игра од Европа”.
Македонија во првата година од своето учество, се истакна како земја со најголем број учесници на локално ниво – над 150 пријавени кои организирани во тимови развиваа игри.
Македонските улесници создадоа 23 игри од кои 5 беа избрани за аксцелераторска фаза и можност да се натпреваруваат на Европското полуфинале, а од таму и во финалето.
Ги покануваме сите наши сограѓани кои сакаат заедно да го прославиме овој голем успех на младите охриѓани, и воедно да ги слушнеме што имаат да ни кажат за целиот процес што го поминале.