483 views |0 comments

Како институција посветена на поттикнување соработка, иновации и образование, Касарна Хаб во рамките на Глобалната Недела на Претприемништвото е домаќин на бизнис натпревар “Oсновај свој старт-ап” кој се одржува од 15-ти до 17-ти ноември 2023 и e одлична платформа за средношколците и професорите да се здружат, да ги споделат своите знаења и вештини и да соработуваат на различни проекти.

На првиот ден на натпреварот учествуваа околу 35 ученици од средните училишта во Охрид а дискусијата ја водеа Наум Димитровски – претставник на Касарна Хаб и професорите Елеонора Куноска, Наташа Трајкоска и Војо Илоски.

Подоцна, учениците со помош на своите менотри креираа работилници и ги избираа бизнис идеите кои понатаму ќе ги обработуваат.

Главната цел на овој настан е да се поттикне претприемачкиот потенцијал на младите, а понатаму подготвени сме да им овозможиме целокупна поддршка при основањето на свој старт-ап со цел поефикасно постигнување на нивните цели и конкурентност на пазарот.

Share

Post comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Go Top