543 views |0 comments

На последниот ден на натпреварот, нашите средношколци ги претставија своите бизнис модели пред комисијата, своите соученици и ментори. Сите бевме изненадени од нивната креативност и идеи, имајќи во предвид дека за прв пат се среќаваат со ваков предизвик.

Жирито имаше тешка задача да ги избере најдобрите презентации, бидејќи сите учесници покажаа висок степен на ангажираност и талент. Сепак, по долга меѓусебна консултација, беа избрани првите три места и тоа:

Прво место – “Event Buddy”, апликација за тековните настани во градот и пошироко, изработена од страна на досетливите Марија Тренеска, Стефани Пумпалоска, Јована Нанеска и Ана Марија Маркоска;

Второто место го поделија – “EкоПарк” и “SpaceWork”, бизнис планови за рециклирање и подигнување на еколошката свест кај граѓаните, изработени од: Никола Донески, Анастасија Јаковческа, Наталија Савеска и Елена Бежоска, Невена Размоска, Матеј Исакоси и Михаил Јоноски.

Трето место – “FitSyncPro”, комплетна фитнес апликација која ја изработија Дафина Размоска, Ема Наумоска и Виктор Дукоски.

Останатите учесници ги претставија следните бизнис планови:

• “ТhrillQuest” – веб-страна на која домашните и странските посетители можат да се информираат за сите локации и знаменитости на градот Охрид, изработена од Ивана Треневска, Снежана Змејкоска и Димитар Цацаноски;

• “Out of bounds” – веб-страна – енциклопедија која содржи материјали од областа на економијата, образованието, психологијата и сл., изработена од Стефанија Алачкоска и Лара Јонческа;

• “A worthy cause” – самоодржлива организација наменета за сите оние на кои што им е потребна финансиска и материјална помош, изработена од Софија Цветаноска, Теодора Митреска, Марија Лошкоска и Леонид Чуркоски;

• “LockersX” – план за поставување на шкафчиња на најфреквентните локации во градот каде луѓето ќе можат на одреден временски период, безбедно да ги остават своите лични работи, изработен од Стефан Бегалис, Дамјан Смилески, Матеј Христоски и Мартин Кочоски;

• “Fastov Fast Food – Drive Thru” – брзо, ефикасно, поволно купување на храна од удобноста на вашиот автомобил, бизнис модел изработен од Наталија Ристеска, Александар Наумовски и Филип Неделкоски.

Сите учесници добија сертификати за учество.

Горди сме на нивната иновативност и со нетрпение го очекуваме следниот настан, каде што нашите млади претприемачи ќе продолжат да ги споделуваат своите идеи и ќе ги претвораат во успешни старт-ап приказни!

Share

Post comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Go Top