658 views |0 comments

Поминаа нашите први три недели од отворањето на Касарна Хаб за јавноста. Што направивме? Почнавме со организирање на редовни Отворени денови во петок, организиравме вкупно четири досега. Бевме пријатно изненадени од интересот и на секој отворен ден се стекнувавме со нови интересни контакти со различни идеи, вештини и иновации. Бевме посетени од млади и од стари охриѓани, од граѓански организации и бизниси, и од професори. Организиравме еден поголем настан – презентација на Марио и Виктор – млади средношколци кои освоија награда за Best Game Europe на Game Jam + во Бразил. Локалното здружение Slow Food Ohrid одржа две средби во нашите простории. На ФБ страницата објавуваме повици за бизниси и граѓани поврзани со претприемништво и иновации. Очекуваме интересот за користење на хабот да се зголеми после летната сезона.

Средба на Slow Food Ohrid
Презентација на Марио и Виктор за Game Jam +
Отворен ден во петок
Share

Post comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Go Top