276 views |0 comments

Со радост и нетрпение, ги информираме децата и родителите кои се дел од нашите обуки за програмирање дека успеавме да ги обезбедиме неопходните 100.000 денари за одржување на обуките до 13 мај. 167 наши деца ќе имаат можност да ја завршат целата обука од 3 месеци и да се запознаат со основите на кодирањето.

Спонзори на нашите први обуки ќе бидат Macedonia2025 – Меѓународен, независен, неполитички „think & do tank“ основан во 2007 година од македонски иселеници. Нашата цел е да поттикнеме одржлив економски раст што ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Ние опфаќаме широк спектар на програми кои им овозможуваат на иселениците да и вратат на својата татковина.

Share

Post comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Go Top